Директорот на ООУ „Лазо Ангеловски“ – Скопје, Перо Арсеновски повторно ја вратил на работа „порно наставничката“ од Куманово, родителите загрижени

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

„Порно наставничката“ којашто беше избркана од училиште во Куманово, заради објавување на експлицитни фотографии и видеа повторно е вратена на работа во ООУ „Лазо Ангеловски“ од скопската населба Аеродром, јавува анонимен родител.
Истата „порно наставничка“, сега е наградена и е распределена да работи во дневен престој, каде учениците по завршувањето на часовите го поминуваат слободното време таму. Анонимниот родител ни кажа дека таа учениците ги учела за порно филмови и ги наведувала на лоши работи.
Анонимниот родител рече дека вознемирен и во паника се обратил до директорот на училиштето, Перо Арсеновски и како што опишува, тој со дрзок тон им се обратил дека нема време да се занимава со тоа бидејќи во моментот имал многу побитни работи. Откако не наишле на разбирање кај Арсеновски, родителот веднаш се упатил во Општина Аеродром, каде барал средба со градоначалникот Златко Марин, но истиот не сакал да го прими на разговор.
Засега остануваат низа неодговорени прашања, дали и колку надлежните водат грижа за наставниот кадар кој работи со малолетни деца, исто и за тоа какви директори се поставуваат на раководни позиции коишто овозможуваат се и сешто да се случува по училиштето.

Сподели.