Димитров кај Коѕиас во Атина

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, на 15 и 16 март 2019 година, ќе престојува во работна посета на Атина. На покана на поранешниот  министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, министерот Димитров ќе учествува на академска конференција по повод одбележување на дваесет годишнината од основањето на одделот за меѓународни и европски студии на Универзитетот во Пиреја. На конференцијата чиј наслов е „Грчката надворешна политика во 21 век” , МНР Димитров ќе се обрати на панелот „Трансформацијата во Југоисточниот Медитеран”, заедно со поранешните министри за надворешни работи на Република Бугарија и Република Албанија, Даниел Митов и Дитмир Бушати.

Во рамките на работната посета на Атина, предвидена е билатерална средба на МНР Никола Димитров со својот грчки хомолог, МНР Џорџ Катругалос, како и куртоазна средба со Николаос Вуцис, Претседател на Парламентот на Хеленската Република.

Сподели.