Димитриевски: Повикувам на поголема масовност во вториот круг, за да продолжиме таму каде што застанавме

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, во централниот Дневник на телевизија Сител повика на поголема масовност на вториот круг од локалните избори кои треба да сеодржат на 31-ви октомври.

-Се заблагодарувам на сите граѓани што дадоа поддршка на концептот „За наше Куманово“ во првиот изборен круг. Разликата е во тоа што ние не должиме на ниту еден политички субјект. Ние сме иницијатива од граѓаните и за граѓаните. Мојата идеолошка матрица е социјалдемократска, но кај нас има гласови од сите политички партии и има поддршка од сите граѓани. Тоа се потврди во првиот изборен круг и сега имаме намера во вториот изборен круг уште помасовно да ги повикаме граѓаните да дадат поддршка на ваквиот концепт, бидејќи сметам дека друштвото е премногу
исполитизирано и треба да се стави крај на клиентелистичкиот пристап и узурпацијата на политичките субјекти од страна на поединци во општеството коишто исклучиво ја користат политиката за самосебе промовирање и за постигнување на лични лукративни цели, а не на општите граѓански интереси. Затоа, и разочарувањето на граѓаните е преголемо бидејќи гледаме во континуитет доаѓаат едни, си заминуваат, доаѓаат други, а всушност на граѓаните им е секогаш исто и имаат избор помеѓу црниот и белиот свет. Граѓанскиот концепт е тој што дава многу повеќе можности. Ние го потврдивме тоа со советничката листа, која доби огромна граѓанска поддршка, луѓе кои се првпат во политиката. Барам од граѓаните да продолжам таму кадешто запрев, затоа што реализиравме 400 проекти во
Куманово. Ние не нудиме празни изборни програми, туку има суштински програми и го потврдуваме тоа со реализирани проекти. За година ипол направивме 13 спортски игралишта во Куманово и планираме да го продолжиме тоа. Нови кружни токови, нови зелени површини, испорачавме 2 милиони кубни гас во Македонија“, рече Димитриевски.

Сподели.