Џонсон упорен дека Велика Британија мора да ја напушти ЕУ на 31 октомври

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Британскиот премиер Борис Џонсон вети дека ќе ја искористи петнеделната парламентарна суспензија за да го обезбеди излегување на Велика Британија од Европската Унија на 31 октомври, со или без договор.

„Мислам дека има голем број луѓе кои навистина сакаат ова да се случи, а тоа го вклучува и британскиот народ, како и луѓето од Брисел и нашите пријатели и партнери ширум ЕУ“, изјави Џонсон за Би-би-си.

„Тие сакаат процесот на напуштање на ЕУ да продолжи. Брегзит се одолговлекува веќе три години“, додаде тој.

Пратениците од опозицијата во понеделникот го отфрлија предлогот на Џонсон за распишување предвремени избори.

Сподели.