Џони Деп се вљуби во Србинка додека снима во Белград

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Според српските медиуми, американскиот актер Џони Деп ја напушта Србија каде снимаше сцени за неговиот најнов филм „Минамата“. Тој следните две недели ќе ги помине во Црна Гора. Покрај тоа што медиумите пишуваа дека Деп одлично си поминува во српската престолнина, сега тие шпекулираат дека се вљубил.

Имено, како што дознава „Блиц“, Џони Деп во текот на престојот во белград се загледал во убавата русокоса белграѓанка вработена во ресторанот на последниот спрат од хотелот во кој е сместен веќе месец и половина.

Извори на „Блиц од хотелот информираат дека тој отворено покажувал симпатии кон таа девојка. Ресторанот се наоѓа кај пентхаусот кој го користи Деп, а има два дела. Кога Џони јаде или пие некаков пијалок во ВИП делот тука пристапот е дозволен само на најтесен круг на луѓе соработници и послуга, како и на неговите гости со постојан надзор од обезбедувањето.

“Џони ја виде нашата колешка и му се допадна. Постојано бара причина за да поразговара со неа. Таа е мошне срамежлива и колку што и импонира неговото внимание, толку и е непријатно бидејќи знае дека Деп наскоро ќе замине во Црна Гора и тоа го смета само за негова моментална опсесија“, вели изворот на „Блиц“ од хотелот.

Во разговор со хостесата Џони дознал дека таа одлично зборува италијански и веднаш најде причина за комуникација со неа.

Наводно него веќе долго време го интересира италијанскиот јазик, така и рекол на нашата колешка. Веднаш ја замоли да го учи италијански, а ѕаа се смешкаше. Брзо потоа и го побара бројот на телефонот, открива вработениот од хотелот.

Холивудскиот актер на паузите од снимањето во Белград комуницира со хостесата преку СМС пораки, а и се јавува кога се наближува крајот на работниот ден.

“Пред некој ден и испрати порака: Завршив со снимањето, доаѓам во хотел!. Тоа нивно допишување е симпатично, но девојката освен комуникација со Деп нема и не сака поинаков контакт, иако тој неколку пати и покажал дека би сакал да биде поблизок со неа“, вели изворот на „Блиц“ и додава дека Деп преку блиски соработници запознал многу убави девојки, но хостесата најмногу го заинтересирала.

Сподели.