Дезинфекција на социјалните згради

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката спроведува темелна, вонредна дезинфекција на 20 социјални згради лоцирани низ целата територија на државата, четири катни гаражи со кои стопанисува, 11 подружници, како и Дирекцијата.

Акцијата е во согласност со препораките на Владата за заштита и превентива од вирусот КОВИД-19.

Станува збор за хемиски третман со кој се уништуваат најголем дел бактерии и штетни патогени микроорганизми од површините.

Средството кое што се употребува е еколошко, односно покрај својата голема ефикасност е и потполно безбедно за околината.

Во насока на грижата за здравјето на станарите, АДСДП на социјалните згради истакна известување со препораки како да се постапува во случај на епидемија.

Акцијата на спроведување дезинфекција ќе се спроведува и во наредниот период, во зависност од потребите и во согласност со препораките на Владата.

Сподели.