Денеска со чартери од Виена и од Базел ќе допатуваат наши граѓани

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Со два лета, од Виена и Базел денеска треба да се вратат две групи македонски државјани, по што ќе бидат упатени во државен карантин кој е задолжителен за секој граѓанин кој доаѓа од странство.

Вчера, исто така, имаше два чартер летови за наши граѓани кои се најдоа затекнати во Германија. Од Берлин слетаа 176 патници, меѓу кои и три дечиња.

За синоќа околу полноќ беше најавен и лет од германскиот град Бон со околу 180 патници.

Сподели.