Денеска протест во седум градови: Оставка на Заев, слобода на народот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Протест под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ денеска со почеток во 18 часот ќе се одржи во Куманово, Тетово, Велес, Кавадарци, Прилеп, Охрид и Битола.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани да се приклучат во одбрана на националните интереси.

-Време е граѓаните на Република Македонија да се обединат и да се стави крај на лудоста на Зоран Заев, човекот кој што сака да ги продаде националните интереси. Заев јавно да се извини за навредите врз македонските граѓани и нашите предци и херои. Заев не може да испорача ништо добро за својата држава и мора да си оди. Оставка веднаш! Само со оставка на Зоран Заев, македонските граѓани ќе живеат подобро, стои во повикот на партијата.

 

Сподели.