Демант од Министерството за здравство: Не е отворена јавната набавка за мамографи, во моментов се разгледуваат предлозите од економските оператори

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Почитувани,

Министерството за здравство најостро ја демантира објавата на интернет порталот Сигнал.мк, каде е наведено дека се набавуваат мамографи за потребите на јавните здравствени установи во Република Северна Македонија, двојно постапи од набавката на мамографите во 2015 година.

Врз основа на Одлука на 112. седница на Владата и одобрението од Министерство за финансии, Министерството за здравство отвори технички дијалог заради проверка на пазарот.

Потенцираме, не е отворена јавна набавка за мамографи и согласно Законот за јавни набавки, во моментов се разгледуваат предлозите од економските оператори, во делот на подобрување на техничките спецификации.

Министерството за здравство поради јавно и транспарентно водење на постапката, отпочна технички дијалог.

Министерството за здравство покрај обезбедување на квалитетни апаратури во јавно здравствени установи, исто така врши реконструкција и на објектите за пациентите да добијат поквалитетна и побрза здравствена услуга.

Бараме оваа реакција да ја објавите во целост.

Со почит,
Одделение за односи со јавност
Министерство за здравство
www.zdravstvo.gov.mk

– пишува во демантот кој Министерство за здравство го испрати до нашата редакција.

Сподели.