Дебелината е еден од главните и фатални фактори за зараза од Ковид-19

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Дебелината е уште еден фактор кога станува збор за ризикот од заболување  со корона вирус. “Не е непознато дека во случајите на епидемија страдаат луѓе со прекумерна тежина – изјавила др Ивана Милошевиќ”, инфектолог од Србија. Искуствата на  лекарите во светот,но и истражувањето  спроведено на Националниот здравствен сервис во Англија  покажало дека  повеќе  од 60 одсто од пацијентите кои се на интензивна нега поради Ковид 19  се дебели.

Стефан де Херт, некогашен председател на Европското друштво за анестеозлогија, обелоденил необјавени податоци од Италија за видот на пацијентите заболени од Ковида-19 кои биле примени на интезивна нега. “Просечната старост на сите заразени пациенти е 70 години, а еден од главните ризик фактори за прием на интезивна нега е дебелината”, рекол тој.

Дидерик Хомерш, началник на оделението за интезивна нега во Ротердам рекол дека од 66 до 80 одсто од пациентите на интезивна нега со кои се сретнал биле дебели. “Иако сериозните облици на корона вирусот се јавуваат главно кај постарите пациенти, оние помладите од 50 години се без претходни здравствени тегоби и секој петти пациент е на интензивна нега. Жените покажуваат помалку симптоми од мажите а децата најчесто заболуваат без претходни тегоби”, додал тој.

Новиот извештаји од Англија покажува дека две третини од оние на кои им била потребна интензивна нега имале прекумерна тежна, пренесува “Metro.co.uk”.  Анализата на  Националниот центар за Интезивна нега за истражување ги опфатила сите случаи кои завршиле на интезивна нега во Англија, заклучно со минатиот четврток.

Утврдено е дека  од 196 пациенти дури 127 биле дебели, а 71 пациент имал индекс на телесна маса (БМИ) 30 или повеќе. Интересно е  дека од вкупниот број на пациенти 139 биле мажи, а 57 жени. Дебелината може да го ослаби имуниот систем и да допринесе на воспалението, а тоа ја отежнува борбата против микробите.Дебелината ги притиска белите дробови, го отежнува дишењето и го зголемува ризикот од компликации од Корона вирусот.

Дидерик Хомерш, началник на оделението за интезивна нега во Ротердам, при гостување на телевизиска емисија рекол дека  од 66 до 80 одсто од пациентите на интезивна нега со кои се сретнал биле дебели. Точната причина не е утврдена, но Хомерš напоменал дека тоа можеби е поврзано со фактот дека дијабетисот е често присутен кај дебелите луѓе, а веќе се знае дека луѓето со дијабетис се загрозени и додал дека вишокот на килограми го отежнува дишењето.

Питер ван дер Ворт  од Универзитетот во Гронинген тоа го потврдил.

“Скоро сите пациенти на оделението за интезивна нега се дебели. Не знаеме зошто, но тоа е толку забележително”, рекол тој.

Уште еден од низата стручњаци кои го потврдиле ова е и доктор Кристијан Дростен, еден од челните луѓе во борбата со Ковид-19 во Германија и ректор на  Институтот за вирусологија во Берлин.

“Знаеме, на пример, дека високиот индекс на  телесна маса е главен фактор на ризикот од Ковид-19, како што е и коронарната болест на срцето. Пнеумонијата го оптеретува кардиоваскуларниот систем, а ако тој систем веќе е оштетен ова може само да го надвладее.  Има многу луѓе од 35 до 50 години кои  живеат со таков ризик фактор”, изјавил Дростен.

Сподели.