Дали не очекува Охридски договор бр.2 и нова капитулација за Македонија во Охрид?

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Досега се испокршија многу кичми и не зборуваме само за кичмите на партиите од власта ,зборуваме за кичми на многу поширока операција од она што моментално го гледаме кај власта и опозицијата .

Врв на сето тоа е синоќешната вест дека  сме се избориле да не капитулираме во вилата во Париз ами како што сме си навикнале да си капитулираме на домашен терен од нашите сопствени Македонци- и се разбира со тоа немат никаков проблем оние кој тоа сакат да го спроведат ,ни се чудат само на умот и си велат – тие биле ептен гола вода и како сакаме така ке им правиме ете тоа го направивме за Македонија ,пласирајки вест дека сме  се избориле за тоа да биде овде? –  види мајката сме се избориле  да си капитулираме дома ,во Охрида во нашето светилиште.

Кој тоа тука  не прави будали само е прашање?

Затоа драги наши Македонци ,сега за сега постои само Македонија,Македонци,родољуби и од другата страна продадени и алчни политичари кој единствена мисија им е  интерес и како да ги вкусат благодетите од власта , а сега за Охрид  кој ке биде договорот.

  • Во Охрид ќе се витка кичмата  или ајде да не бидеме груби оти сеуште незнаат некој ,или ќе се проба да се свитка кичмата на  лидерите на сите политички партии кој имаат парламентарни групи но најмногу ќе се витка и крши кичмата на  ВМРО-ДПМНЕ бидејки реално они се проблемот, но затоа им ги поставија во врвот т.н реформатори а за  другите веќе се знае дека се на копче и како ќе им каже ФАКТОРОТ така ќе прават ,оти на власт ги донесе и сега се оддолжуват спрема него.
  • Пред Охрид не случајно ќе се зголеми парламентарното мнозинство ,за да се прикаже дека само ВМРО-ДПМНЕ го кочи процесот на реформи и  Македонија да оди напред, т.е не сака сеуште да го смени името,не сака да гласа двојазичност на цела територија на Македонија, под изговорот 3-6-9  реформи кој треба да ги поддржат 2/3 мнозинство или сите партии вклучувајки го и ВМРО-ДПМНЕ,
  • Во Охрид ќе седнат сите лидери кој имат пратеничка група и конечно разговорите со името ќе се официјализираат и од РАЗГОВОРИ стануваат ПРЕГОВОРИ , со своето присуство ВМРО-ДПМНЕ ќе даде согласност за  да се ПРЕГОВАРА за името , а штом се преговара се дават одстапки а Грција секако ќе биде победник и Албанците бидејки Грците ништо не губат само добиваат,а преку албанските партии преку нив се домнстрира моќ со тоа што без нив ќе падне владата и ќе треба да се распишат нови избори а тоа на ФАКТОРОТ не му одговара без да се решат клучните прашања .
  • Тоа е толку јасно што не очекува во Охрид ,не очекува договор за промена на име,промена на Устав ,за влез во НАТО и ЕУ каде Македонија за да влезе во таа заедница мора да се самоуништи како Унитарна држава и стане нешто друго.
  • Охрид ќе понуди навидум перспектива ,нели морат и да компензираат зошто да го направат предавството господата лидери така?
  • СДСМ ќе распиши после сработеното нови избори ,каде по ист начин како што беа донесени на власт така сега ВМРО-ДПМНЕ ќе го донесат на власт  и ќе се создаде една прекрасна клима каде ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе си најде партнер во Албанците и ќе си победи на овие избори, а претходно на СДСМ му обезбедија локална ВЛАСТ насекаде и поддршка за да се има контра тежа бидејки ВМРО -ДПМНЕ тек ќе треба да се докажува пред факторот кој одлучува и затоа е нормално да немат  големо мнозинство,а да направат ВЛАДА – И тоа е основа на договорот кој ќе се направи во ОХРИД доколку го дозволи тоа се разбира ВМРО-ДПМНЕ а ако го дозволи  само треба да се спроведе… со припрема на новинарското перо платено од ФАКТОРОТ кој прави клима во државата ис е зависи од него…

 

Овој текст за некого е тежок да се прифати,за некој е теорија на заговор но запамнете едно овој текст е суровата вистина за Македонија доколку не преземеме соодветни чекори и конечно да се освести раководството на партиите и членовите и јасно и гласно д а излезат и да си го кажат својот став и мислење за тоа дали со ова се согласуваат или не.

Може некој и не му е важно ,ама нас како Македонија и македонци ни е важно ,Ние друга татковина немаме ,ние друг дом немаме ,и нема да се согласиме да бидеме кираџии во сопствениот дом .

Во моментот се прашувате ,добро што можеме ние против таква сила така?

Можеме и тоа како можеме ,сите механизми се во нас а постои еден демократски гест кој се нарекува

ГРАГАНСКА НЕПОСЛУШНОСТ: Каде има милион начини како да се прави и спроведе и само така Македонија ке си најде лидер кој ке го поведе во добра и светла иднина и без немање никаква друга можност освен НАТО и ЕУ ,секогаш има избор и тој избор треба да го направиме ние ,а не некој одстрана или на некој како му одговара,затоа сплотеноста како држава и народ и непопуштањето околу името и јазикот и идентитетот не е право на некој да го решава како ке му текне ,ами за тие прашања едноставно не се разговара и преговара и ако треба да бидеме никакви и да не знаеме какви сме и кој сме за да влеземе некаде -НЕ БЛАГОДАРИМЕ ,не ни треба уценето членство,а ВМРО-ДПМНЕ сега е пред многу јак тест од народот бидејки досега секогаш беше на браникот на државата и народот очекува така и да остане и едно да биде јасно :

БЕЗ СОГЛАСНОСТ ОД ВМРО-ДПМНЕ НЕ ПОСТОИ МОЖНОСТ ДА СЕ СМЕНИ ИМЕ,УСТАВ,ИДЕНТИТЕТ,ЈАЗИК  БЕЗ ДАВАЊЕ ЛЕГИТИМИТЕТ ЗА ОВИЕ ПРАШАЊА ОД ВМРО НИКОГАШ НЕМА ДА МОЖЕ ДА БИДАТ ЗАТВОРЕНИ ТИЕ ПРАШАЊА СО МОМЕНТАЛНИОТ СООДНОС НА СИЛИТЕ,ЗАТОА СЕ БАРА ОД СИТЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ДА СЕ РЕШАТ ОВИЕ ГОРЧЛИВИ ПРАШАЊА И ВМРО ДОКОЛКУ САКА ДА ОСТАНЕ ПАРТИЈА КОЈА Е НА СТРАНА НА НАРОДОТ НЕ СМЕЕ ДА ИМ ДАДЕ ЛЕГИТИМИТЕТ БЕЗ НИКАКОВ ИЗГОВОР ЗОШТО ТОА ГО НАПРАВИЛО-НЕ ПОСТОИ ПОГОЛЕМ ИНТЕРЕС ОД МАКЕДОНИЈА И ТОА Е КРАТКО И ЈАСНО ШТО ГО ОЧЕКУВА НАРОДОТ.

Во спротивност НАРОДОТ како знае ќе се организира ,друго не му останува доколку биде од сите излажан и не биде прашан и задоволен за најбитните работи, и никој да не се дрзнува да ги штима наводните референдуми кој ќе се обидат да ни ги накалемат.

 

Текстот е напишан од ПАТРИОТИ ,МАКЕДОНЦИ на кој Македонија им е над се и пред се!
ИЗВОР: media24.mk

Сподели.