Далечинскиот пристап при работењето е во пораст

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Дури 42% од вработените поминуваат повеќе од три часа дневно работејќи на своите мобилни телефони, додека кај миленијалците тој процент е поголем и достигнува 52% – резултати на аналитичката компанија CSS Insight. Корисниците на кои мобилниот телефон им е примарен уред се сѐ поголем дел од работната сила, па побарувачката за неограничена поврзаност е во пораст. За да ги исполнат своите барања на современиот бизнис, компанијата Samsung Electronics го прошири своето стратешко партнертво со Microsoft со цел да им помогнат на луѓето да бидат што е можно повеќе продуктивни на секој уред што го користат, каде и да се наоѓаат.

Еден од водечките трендови во современиот свет на бизнисот е преместување на работата надвор од канцеларија, а мобилните телефони и лаптопи сѐ повеќе ја преземаат улогата на подвижно работно место, која им овозможува на корисниците да останат вмрежени и фокусирани на своите обврски. Почнувајќи од ексклузивната интеграција на Microsoft со склоп на новиот Galaxy Note10 уред, тие сега ќе имаат едноставен начин за непречена работа помеѓу смартфон и компјутер, додека со тукушто претставениот Galaxy Book S лаптоп се обезбедува целосно ново искуство на работа на компјутер со неприкосновена мобилност и перформанси на новите генерации.

dalecinskiot pristap pri rabotenje e vo porast 3

„Веруваме дека индустријата на мобилните телефони е на врв на трансформација, во која уредите овозможуваат неограничено и континуирано вмрежување, каде и да се наоѓаме. Отворената соработка, како што е партнерството со компанијата Microsoft, е клучна за пионерските потфати во создавање на мобилни искуства од наредната генерација,“ рече DJ Koh, претседател и извршен директор на IT и мобилна комуникација во компанијата Samsung Electronics. „Како што новата технологија како 5G станува реалност, така нашето партнерство ќе има уште повеќе важна улога во целта да им се овозможи на луѓето да живеат повеќе динамично и флексибилно.“

„Нашата амбиција е да им помогнеме на луѓето да бидат што е можно повеќе продуктивни на секој уред кој го користат, каде и да се наоѓаат – а комбинацијата на нашето искуство со моќните уреди на Samsung го претвора истото во реалност“, изјави Сатја Надела, извршен директор на компанијата Microsoft.

Потрошувачите живеат и работат користејќи повеќе уреди и потребата за подобра и полесна поврзаност е очигледна. Денешниот начин на поврзување на уредите е често поделен – корисниците на PC мора да ја прекинат својата работа за да го погледнат телефонот или отворат апликација и испратат фотографија, видео или фајлови на својот компјутер. Наместо тоа, корисниците сакаат свет во кој нивните фајлови се синхронизираат автоматски, за да можат да започнат проект на еден уред и да продолжат на друг, без прекин.

Samsung и Microsoft го премостуваат и јазот помеѓу мобилноста и перформансите со новиот Samsung Galaxy Book S лаптоп, кој е претставен на Unpacked настанот за Galaxy Note 10/10+ во Њу Јорк. Овој уред нуди константна поврзаност, претставувајќи го искуството на паметните телефони на лаптоп. Galaxy Book S има вградена LTE конективност, моќна батерија која овозможува 23 часа постојано користење со само едно полнење, а покрај тоа може да се користи и истиот полнач како кај Note10 телефонот, поради USB-C приклучокот. Уредот нуди бескомпромисни перформанси со помош на Snapdragon 8cx компјутерската платформа, прва во светот на PC платформите од 7 нанометри, создадена за компјутери. Ултра тенкиот и исклучително лесниот дизајн овозможува мобилно искуство со користење на компјутерот. Со сите свои карактеристики Galaxy Book S претставува олицетворение на новата генерација на производи, подготвени за технолошката ера на 5G и непреченото и незабележливо поврзување помеѓу уредите.

За повеќе информации посетете ја news.samsung.com/galaxy или www.samsungmobilepress.com.

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Со своите идеи и технологија Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината. Компанијата поставува стандарди во областа на ТВ уредите, смартфоните, носечките уреди, таблетите и дигиталните куќни уреди, мрежни и LSI системи, меморијата и LED технологијата. За додатни информации и вести посетете ја news.samsung.com.

dalecinskiot pristap pri rabotenje e vo porast 4

Сподели.