Брз ручек: Пилешко со њоки во сос од сенф и павлака

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Пилешко со њоки во сос од сенф и павлака за готвење е брз ручек со фини состојки …

Потребно е:
4 парчиња пилешки стек
5 лажици путер
1 лажица сенф
300-400 мл павлака за готвење
1-2 лажички ким или некој друг зачин
1 пакување њоки

Подготовка:
– Сварете ги њоките во солена вода.

– Пилешкиот стек исецкајте го на коцкички и пропржете ги на путер.

– Кога ќе добијат убава боја, додадете го сенфот, а веднаш потоа и павлаката за готвење.

– Ставете сол и бибер.

– Кога ќе почне да врие, исклучете ја ринглата и додајте ги њоките.

– Одозгора посипете со ким или друг зачин.

Сподели.