Бритни Спирс по доживеаниот нервен слом заврши во ментална болница

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Веста дека Бритни Спирс во моментов се наоѓа во институт за ментално здравје ги шокираше фановите ширум светот.

Имено, пејачката сама се пријавила во психјатарска установа во Калифорнија минатата недела каде ќе биде околу 30 дена.

ТМЗ пишува дека Бритни не се носи добро со здравствените проблеми на својот татко и затоа побарала помош.

Таткото на Спирс минатата година беше опериран откако му пукна дебелото црево, а докторите, наводно, не веруваат во позитивен исход.

Тој и понатаму е легален старател на имотот на пејачката после нервниот слом кој што го доживеа пред 10 години.

Минатата година Бритни ја откажа серијата настапи во Лас Вегас поради болеста на татко и и објави дека целото свое внимание ќе го насочи кон семејството.

Сподели.