Боки 13 останува во Шутка

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Мислењето дека на Јовановски не треба да му се укине мерката притвор и да му биде определена мерка куќен притвор, вишите јавни обвинители до Апелацискиот суд го доставиле во петокот.

Претходно, веќе објавивме дека второстепениот суд деновиве треба да донесе одлука за барањето на одбраната на Јовановски да му биде укината мерката притвор и тој да биде пуштен во куќен притвор.

Причината поради која се бара ваквата мерка е неговата здравствена состојба.

Апелацискиот суд Скопје на нејавна седница ќе го разгледува барањето за укинување на мерката притвор за обвинетиот Бојан Јовановски.

Од второстепениот суд потврдуваат дека адвокатот на Јовановски го повлекол предлогот за јавна седница, по што апелациските судии ќе ја разледуваат жалбата, но сега на седница која ќе биде затворена за јавноста.

Директорот за Истражниот затвор Шутка, Есад Рахиќ вели дека Јовановски од вчера веќе е донесен во притвор. Детали околу здравствената состојба Рахиќ не сподели, бидејќи, како што вели го чека известувањето, но дополнува дека веројатно притвореникот е во добра здравствена состојба.

Бојан Јовановски минатата недела беше хоспитализиран во Градската општа болница „8-ми Септември”, поради контролни прегледи со упат издаден од доктор во ординацијата во Истражниот затвор.

Сподели.