Boeing почнува со тестирања на повлечениот модел 737 Max

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Компанијата Boeing треба да реализира тест летови на повлечениот модел 737 Max, во обид неделава повторно авионот да го врати на небото.

Планирано е пилотите и техничките експерти да имаат тридневни тестирања, што е можно да почнат уште денеска, пренесе BBC.

Авионите, наводно, ќе поминат низ серија различни сценарија во воздух во близина на базата на Boeing во Сиетл.

Најпродаваниот авион на компанијата Boeing минатата година беше приземјен по двата лета со трагични последици, на летовите на Lion Air и Ethiopian Airlines, кога сите 346 лица загинаа при пад на двата авиона и тоа во период од пет месеци.

Овие трагедии предизвикаа сериозна финансиска криза во 103-годишната компанија, како и тужби од семејствата на жртвите, а потоа се поставија и прашања за тоа како Boeing и американскиот регулатор Федералната управа за авијација (ФАА) ги спровеле безбедносните тестирања.

Сподели.