Бездомник пронајден мртов во напуштена сендвичара во Карпош

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На 12.02.2020 во 14.28 часот во СВР Скопје било пријавено дека во објект на поранешна сендвичара на ул.„Дрезденска“ во Скопје било пронајдено починато лице. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а идентитетот на лицето се уште не  е познат. Се претпоставува дека се работи за бездомник, бидејќи во објектот имало импровизиран кревет. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од  СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

Сподели.