Бесими: Економската состојба е сериозна, но може да се најде решение

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Министерот за финансии Фатмир Бесими истакна дека економската состојба во Македонија е сериозна поради ефектот на пандемијата и епидемиолошката криза на светско ниво, но финансиите се стабилни и може да се најде решение со добро планирање на четвртиот пакет на мерки, за да се ублажат последиците од кризата и земјава да влезе во период на позабрзан економски раст в година, доколку нема нов бран на епидемиолошка криза.

Стапки на раст над 4% и покачување на платите за 20% до 30% односно над 32 илјади денари во следните четири години за подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата. Ова се главните цели и задачи на министерот за финансии Фатмир Бесими во следниот четиригодишен мандат како прв финансиер.

– Прво и најважно, до крајот на мандатот да ја вратиме економијата на солиден и одржлив раст од 4%, што ќе создаде солидна основа за удвојување на долгорочниот просечен економски раст од 2,6 проценти во последните 10 години на 4% до 5% просечен годишен раст во наредниот период. По завршувањето на кризата, да овозможиме раст на просечната плата до крајот на мандатот од 20 до 30%, во зависност од должината и влијанието на епидемијата врз светската и домашната економија, што реално ќе овозможи и пораст на минималната плата – рече Бесими.

Министерот апелираше во идниот период добро да се планира и ефикасно да се реализираат плановите. Тој посочи дека владата работи на четвртиот сет на мерк, прецизирајќи дека во рамките на постојниот Буџет со планираните приходи и расходи се предвидува до крајот на годината да нема јавен долг над 60 проценти од БДП.

Бесими истакна дека приходите и расходите се реализираат во рамки на планираното.

Тој посочува дека негова и задача на неговиот тим е што побргу земјата да се врати на патот кој ќе донесе солиден економски раст, достоинствени плати, создавање на нови работни места и намалување на невработеноста, предвидлива даночна политика и генерално, европска иднина за нашите граѓани.

Сподели.