Бејл заработува 600.000 фунти неделно – според обложувалниците, второлигаш ќе биде неговиот нов клуб

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Герет Бејл минатата сезона играше на позајмица во Тотенхем. Жозе Мурињо во февруари тврдеше дека Бејл не изгледал посреќен долго време, но Велшкото крило сепак се врати во Реал Мадрид.

Не е тајна дека кралскиот клуб се обидува да се ослободи од него, пред се поради астрономската плата од 600 000 фунти неделно. Бидејќи неговиот договор истекува за една година, тие ќе се обидат да го продадат за да добијат компензација за тоа.

Одшекер, една од најголемите куќи што формираат коефициенти за обложување, ги исфрли шансите за клубовите каде Бејл би можел да продолжи со кариера.

Звучи малку неверојатно дека главниот фаворит за доведување на Бејл е второлигаш. Станува збор за Кардиф Сити, клуб кој се натпреварува во Англискиот шампионат. Во мај, шансите за еден клуб од неговиот роден град беа 16, но тие падна на неверојатни 2,3, што значи дека веројатноста тој да замине таму според обложувалниците е околу 45%.

После Кардиф, најголеми фаворити се клубовите од МЛС, пред сè Интер Мајами. Веројатноста за негов трансфер во таа лига е околу 13%, додека враќањето во Тотенхем има 12% шанса. Одењето во Кина има околу 10% шанса, додека преселбата во Челси или ПСЖ има 5% шанса.
Сподели.