Барселона без Меси со пораз на стартот на првенството

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Стартуваше Шпанското фудбалско првенство. Првиот натпревар се одигра во Билбао. Гостин на Атлетико Билбао беше Барселона,која допатува без својот капитен Меси.Уште во текот на првото полувреме се виде дека Барселона без Меси делува како просечна екипа од Примера. Шансите се редеа пред голот на Барселона ,но Атлетико не успеа да го отвори резултатот. Во второто полувреме Барселона успеа да ја наметне својата препознатлива игра, но недоволно за позитивен резултат. Ветеранот на Атлетико Адуриз кој влезе во игра во 88 минут со спектакуларен гол во 89 минута  му ги донесе првите три бода на својот тим.

Сподели.