Авион на ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ со 164 луѓе принудно слета на аеродромот во Солун откако пријавил пожар

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Авионот што патувал на релацијата Берлин-Атина испратил сигнал за тревога и побарал дозвола за итно слетување додека летал над регионот на Халкидики, кажа министерот за цивилна заштита.

Веднаш биле воспоставени вонредни протоколи, по што авионот безбедно слетал во Солун и сите 158 патници и шест членови на екипажот биле евакуирани.

Иако министерот изјави дека екипажот пријавил пожар, портпаролот на „Рајанер“ појасни дека тревога била активирана откако „се почувствувал неидентификуван мирис во кокпитот и кабината“ и дека, всушност, немало пожар.

 

Сподели.