Арсовски: Невозможно е да се негира поврзаноста на СДСМ со целиот скандал со Дрисла

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовски Димче при своето гостување на „ТВ Стар“ посочи дека СДСМ е директно поврзана со скандалот за согорување на медицинскиот отпад во Дрисла и со фирмата „Еко Клуб“ за тоа говори и поврзаноста на Зоран Заев и доделените 63 тендери на истата фирма во изминативе 12 месеци.

-Доколку сте ги следеле неколкуте прес конференции за фирмата „Еко клуб“ и скандалот околу медицинскиот отпад и опасниот отпад кој што се согорува во Дрисла ќе можевте да наидете на еден пасус кој што го кажувам дека веќе јасно се гледа дека пи-ар машинеријата на СДСМ се повеќе трокира. Зошто го кажав тоа? Тоа искусните новинари добро го гледаат и можат да проценат што ми било намерата. Практично во еден момент на очај кога драстично паѓаат бројките на анкетите нормално на СДСМ, одат во негатива, а на ВМРО-ДПМНЕ се повеќе се издигнуваат заради довербата која што ја стекнуваат граѓаните во нас, а недовербата која што се повеќе расте кон СДСМ. Се обидоа на еден да речам паушален скандал да извадат од страна на Град Скопје, градоначалникот Шилегов дека еве фирмата „Еко Клуб“ била блиска до ВМРО-ДПМНЕ, била блиска до претходниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и така натаму, појаснува Арсовски.

Арсовски додаде дека од СДСМ во очај дека губат се обидоа во јавноста скандалот „Еко Клуб“ да го префрлат на ВМРО-ДПМНЕ и во јавноста да претстават како ВМРО-ДПМНЕ ги труело граѓаните. Но во реалноста тоа не е така.

-Видовме за само еден ден им се побија сите тези. Фирмата „Еко Клуб“ од Владата на Зоран Заев само во последните 12 месеци земала над 60 тендери или точно да кажам бројка 63 тендери. Кои што се склучени со институции, а кои се под надлежност на Владата на СДСМ. Вредноста на сите тендери е над 130 милиони денари или над 2 милиони евра. Од кои што околу еден милион евра се тендер на кастрење на дрвја, грмушки и трева на автопатите. Тендер добија од ЈП за Државни патишта каде што знаеме дека таму е директор Китанов кој што е многу близок пријател и соработник на Зоран Заев, истакна Арсовски.

Арсовски образложи дека и најмалите деца знаат дека нема тендер во државата кој што не поминува без Зоран Заев. Или пак кај неговите блиски соработници. Или пак некој од неговата фамилија, неговите роднини, братучеди. Тие се на некој начин економскиот совет кој што ги прегледува тендерите кој што одобрува кој може да биде доделен на таа фирма, а кој не. Така да сигурно и фирмата „Еко Клуб“ ги поминала овие скалила.

-Во Дрисла до пред 6 месеци еден заменик директор кој што беше близок пријател на Зоран Заев од Струмица, кој што подоцна беше испратен во дипломатска мисија во Италија и вториот член на Надзорен одбор кој што да речам не секој ден ама секој втор ден беше во канцелариите на Дрисла и од таму ја менаџираше работата. А, тоа е господинот Драги Давчевски инаку близок исто соработник на Заев и член на СДСМ и член на Советот на Град Скопје. И од тука е невозможно да се негира поврзаноста на СДСМ со целиот овој скандал, целиот случај бидејќи двајца блиски соработници биле директно запознаени со целиот случај изминативе 2-3 години, а сепак сето ова продолжувало, забележа Арсовски.

Сподели.