Арсовски: Дали со аудиоснимката од свиркачи се потврди спрегата меѓу Заев и Боки 13?

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Зоран Заев е сценаристот и режисерот на случајот „Рекет“ и тоа веќе сите го знаат. Зоран Заев е „капо ди тути капи“ и Зоран Заев е главата на криминалниот октопод кој три години ја пустоши Република Македонија.

Тоа што целата јавност го знаеше изминативе месеци по обелоденувањето на случајот „Рекет“, сега веќе се потврдува јавно. Зоран Заев бил целосно во тек со изнудите, злоупотребите и политичките притисоци преку кој работела медиумско-обвинителската машинерија. Целата јавност сега слуша и гледа дека Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева не можеле да рекетираат милиони евра без да имаат политичка заштита од највисоко ниво.

Случајот „Рекет“ очигледно се прикрива од страна на обвинителството на Русковска и Јовевски коишто се во директна спрега со Заев. Вчера јавноста беше сведок на шокантен доказ презентиран од страна на пратеникот Милошоски, а доставен од свиркач, кој индицира дека лицето Зоран Заев не само што остварувал редовни и непосредни комуникации со Бојан Јовановски, туку и директно го помагал финансирањето на неговата телевизија.

Јавно го прашуваме Заев да и одговори на јавноста да не ја држи во неизвесност иако веќе се знае, дали ова лице коешто говореше на снимката е Зоран Заев?

Ова е нова светлина на случајот којшто Русковска и Јовевски го заглавија само на двајца или тројца осомничени.

Новата аудио снимка покажува дека ова лице за кое се сомневаме дека е Зоран Заев директно бил известуван за сите операциите којшто ги работел Бојан Јовановски, односно сопственикот на 1ТВ – Боки  13. Односно знаел дека изнудил пари за рекламирање на телевизијата, мамел бизнисмени за проекти на неговиот Меѓународен сојуз, но најстрашно со коешто се отвора сомнение дека на ваков начин лично СДСМ или владата на Заев на неколку пати помагале во телевизијата 1ТВ, којашто е во сопственос на Боки 13, главно за маркетинг уште од октомври-ноември 2018 година.

Да потсетиме дека токму во овој период се отвораа случаи на СЈО за кои подоцна се потврди дека биле исценирани само за да се изнудуваат милиони евра пари од страна на бизнисмени коишто ги инволвираат во судските предмети.

Бидејќи веќе се гледаат контурите на главата на рекетарскиот октопод, редно е Заев конечно да ги открие деталите околу бројот на бизнисмени кој е рекетиран и вкупната сума на пари којашто е ограбена преку спрегата Боки 13 – Катица Јанева. Инаку во јавноста изминатите месеци излезе сомнеж дека се работи за сума од над 20 милиони евра.

Колку време Зоран Заев знаел за нелегалното финансирање на телевизијата на Боки 13 и освен со премолчување, на кој други начини го помагал нејзиното финансирање?

Дали Зоран Заев бил вмешан во изнудувањето на пари на бизнисмени за фиктивниот проект за старечки домови којшто Боки 13 го водел преку неговиот Меѓународен сојуз? Дали Зоран Заев помогнал милиони евра да завршат како наводни реклами во телевизијата којашто како што тој и самиот ја нарекуваше провладин медиум?

Зоран Заев е заглавен во аферата Рекет и тоа заглавен е до гуша. Залудни се сите обиди со нови лаги да се извади од целата ситуација и инволвираност. Залудно му е писанието дека немал никаква комуникација со Боки 13, кога еве гледаме дека имал и тоа честа и бил добро запознаен за неговите нелегални активности кои ги вршел целиот тој период.

Затоа Зоран Заев е соучесник на Боки 13, тој го помагал и прикривал и со тоа треба да се позанимаваат, се разбира ако имаат и барем малку професионалност и  доблест обвинителите. Ако не, тогаш после 12 април едно ослободено судство и обвинителство, коешто нема да биде под срегите на Зоран Заев, владата и СДСМ, ќе испита и ќе ги санкционира сите извршители, помагачи и прикривачи на овој милионски криминал кој што бeше извршен изминативе години.

Сподели.