Aнтитерористичка технологија против заразата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Израел се обидува да се спротистави на коронавирусот, а најновата мерка би можела да ја загрози приватноста на населението.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху презентираше план за употреба на антитерористичка технологија за следење со која ќе се овозможи да се лоцираат лицата што биле во контакт со заразени со коронавирус.
Тој не ги разјасни деталите поврзани со технологијата, но израелската безбедносна агенција „Шин бет“ потврдила дека таква технологија навистина ќе почне да се применува, пренесува „Ројтерс“.

Експертот за безбедност Авнер Пинчук предупреди дека би можело да се користи и следење на телефоните за да бидат предупредени властите ако некое лице ги крши наредбите за карантинот. Исто така, може да се следат и податоците за да се утврди движењето на оние што се заразени од вирусот, како и со кого тие контактираат.
Многу земји затворија голем дел од својата инфраструктура, вклучувајќи го и Израел, а затворени се и хотели, трговски центри, ресторани и кина.

Сподели.