Ангелов: Заврши времето кога безгрижно си кршев ќерамиди со глав

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +
Заврши времето кога безмалку безгрижно си кршев ќерамиди со глава, сега раководам со Главниот штаб за управување со кризната состојба предизвикана од ковид-19, напиша денеска на својот профил на Фејсбук Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи.
„Заврши времето кога безмалку безгрижно си кршев ќерамиди со глава. Од синоќа раководам со Главниот штаб за управување со кризната состојба предизвикана од ковид-19. Заради поуспешна работа на Главниот штаб, покрај учеството на многуте стручни лица од различни институции, добредојдени се и сите ваши конструктивни идеи, забелешки, совети и критики кои може да ги напишете на ФБ страната на Центарот за управување со кризи“, напиша генералот Ангелов.
Сподели.