Aнализа на мобилните услуги во Македонија од Институтот ИНРЕКОМ

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На македонскиот пазар моментално функционираат 4 мобилни оператори, од кои 2 виртуелни, односно оператори кои ја користат мрежата на другите и немаат своја мрежа. Понудата на овие оператори, бројот на корисници, колку се тие задоволни и нивните очекувања од операторите, ги истражува Институтот за развој на електронските комуникации ИНРЕКОМ.

Ова е втора ваква анализа на институтот, а оваа година се прави споредба со состојбата од минатата година. Истражувањето е направено од 13 до 28 февруари преку електронска анкета на 650 испитаници.

„Анкетата покажа интересни тенденции во навиките на корисниците, но и нивните идни аспирации кога се во прашање очекувањата и можноста за продолжување претплата кај одреден оператор. Анкетата покажа дека најголем број од анкетираните користат пост-пејд претплата и се корисници на Македонски Телеком и А1 Македонија.“ – појаснуваат од институтот.

Главната разлика од минатата година е што операторите го имаат зголемено бројот на гигабајти кои им ги нудат на корисниците во нивните пакети, а се посочува и воведувањето на „VoLTE“ технологијата кај двата најголеми оператори, открива истражувањето на ИНРЕКОМ.

Ист процент на пазарот за двата најголеми оператори, со мала предност на Македонски телеком со 45,2%, додека А1 Македонија има 44,1%. Лајкамобајл се најде на третото место со пазарно учество од 9,2%, додека пак новиот оператор Телекабел има 1,5%.

Македонски Телеком се задржа како оператор со најдобар сигнал, за што се изјасниле 67,7% од испитаниците. Но на прашањето за соодносот помеѓу цената и услугата, подобро се покажува А1 Македонија со 38,5%, наспроти 24,6% кај Македонски Телеком.

Сподели.