Албански државјанин се чекирал со лажен пасош

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Обвинителен предлог против 28-годишен државјанин на Република Албанија за фалсификување патна истправа денеска покрена Основното јавно обвинителство Скопје, соопшти ЈО.

На 6 ноември, на Меѓународниот аеродром Скопје, при чекирање на билетот, лажна исправа употребил како вистинска.

-Тој искористил лажен француски пасош на друго име, кој според сите заштитни белези се разликувал од оригиналниот примерок на француска патна исправа, информираат од Јавното обинителство.

Сподели.