АХ БРЕ МАКЕДОНЧЕ: Овој истот Манасков со срце игра за Македонија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Каков срам се случи во СЦ „Јане Сандански“. Ако се прашувате зошто сме светлосни години зад сите земји, одговорот го добивме пред дуелот меѓу Вардар и Веспрем.

Срам ме фати што сум Македонка. Еј, се дрзна публиката да го исвиркува Дејан Манасков.

Драга публико, овој истиот Манасков со срце игра за Македонија, овој истиот Манасков што денеска го исвиркавте, за него ќе навивате во јануари на ЕП, за овој истиот Манасков ќе се молите да дава голови кога ќе игра Македонија.

Еве доаѓа јануари, баш едвај чекам да видам што ли ќе кажете вие вардарови фанови кога ќе гине на терен за националниот тим.

Паднавте на главниот испит, бадијала сте меѓу најдобрите кога не знаете да го почитувате своето. Секоја чест за оние кои го испочитуваа Манасков и го поздравија како што доликува.

Сподели.