Аеродромите се отвораат в среда

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Министрите за транспорт и врски и за здравство, Горан Сугарески и Венко Филипче, денеска ќе го посетат Меѓународниот аеродром „Скопје“, каде што ќе имаат средба со менаџментот на „ТАВ Македонија“.

Посетата доаѓа во пресрет на отворањето на двата аеродрома во земјава за патнички сообраќај, скопскиот и охридскиот.

Отворањето, според владината одлука, треба да се случи на 1 јули.

Предвидени се строги протоколи за работа, меѓу кои се и правилата дека патниците ќе треба да пристигнат на аеродромот најмалку три часа пред нивниот лет, да носат заштитна маска постојано, да одржуваат физичко растојание и висок степен на лична хигиена.

Сподели.