61 возило подигнати од „пајак”

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во текот на 18.11.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека еден возач управувал возило со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени седум возачи, од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол и шест возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и две возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради неправилно престројување, двајца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и еден возачпоради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 46 мандатни платни налози и 61 возило е подигнато со специјално возило „пајак”.

Сподели.