354 санкционирани возачи во Скопје

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 354 мерки, меѓу кои 43 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 8 мерки за недавање на првенство на минување, 23 мерки за користење на мобилен телефон, 76 мерки за непрописно паркирани возила и 46 возила се подигнати од „пајак“ службата, а изречени се 30 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

 

Сподели.