300 илјади евра се нудат на пратеник за неговиот глас!?

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Еден пратеник од централна Македонија koj се уште размислува дали денеска да гласа за промена на уставот му се нудат 300 илјади евра ако го притисне зеленото копче на гласањето за промена на уставот.

Според извори од неговиот град овој пратеник кој е дел од опозициската коалиција е под силен притисок на власта уште од пред 19 јануари кога добивал и закани и понуди за пари но тој тогаш оддолеал на притисокот.

Сега на пратеникот сега му се нудат 300 илјади евра, целосен имунитет од било какви кривични гонења и дополнителни бенефиции како вработувања во јавна администрација за негови блиски луѓе.

Според извори во владеачката коалиција пратеникот веќе рекол дека ќе ја поддржи промената на уставот но се плашел од неговите соработници и од гласачите во неговата изборна единица од кои добивал пораки да не се враќа од Скопје ако го притисне зеленото копче.

Тој пред колегите од својата партија и опозициската коалиција се уште не кажал прецизно како ќе гласа за промена на името но индиректно најавил дека има дилеми за гласањето.

ИЗВОР: expres.mk

Сподели.